Астон Вила официјално го потврди трансферот на младиот играч за врска Јохан Манзамби, кој пристигнува од германски Фрајбург.
Швајцарскиот репрезентативец стана најскапото засилување во историјата на клубот од Бирмингем, откако Астон Вила за неговите услуги плати 60 милиони евра фиксно, плус дополнителни 10 милиони евра во бонуси.
20-годишниот фудбалер потпиша договор до летото 2031 година и ќе го носи дресот со број 44. Според информациите, неговата годишна плата ќе изнесува околу 5 милиони евра.
"For me it is the perfect plan…"
— Aston Villa (@AVFCOfficial) July 17, 2026
Johan's first interview as a Villan is live 📺 pic.twitter.com/XZtEIDu252
Манзамби беше едно од најголемите откритија на Швајцарија на Светското првенство 2026, каде што блесна со три голови и две асистенции на четири натпревари, иако само двапати беше стартер. Неговите настапи предизвикаа голема борба меѓу европските клубови за неговиот потпис, а на крајот Астон Вила успеа да го победи конкурентот Њукасл.
Интересно е што Манзамби неодамна играше против својот нов клуб во финалето на Лигата на Европа, каде што Астон Вила славеше со убедливи 3-0 против тогашниот тим на младиот Швајцарец.
Во дресот на Фрајбург, за првиот тим, офанзивниот играч за врска одигра 58 натпревари, на кои постигна девет голови и забележа 11 асистенции во период од две сезони.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













