Англискиот премиерлигаш Астон Вила покажува сериозен интерес за доведување на играчот за врска на Атлетико Мадрид, Конор Галахер, во обидот менаџерот Уни Емери дополнително да го зајакне својот тим во јануарскиот преоден рок. Галaхер минатото лето се приклучи на шпанскиот гигант и имаше забележителна дебитантска сезона, но оваа сезона се бори за минутажа под водство на Диего Симеоне.
Иако 25-годишниот Англичанец оваа сезона има 19 настапи во Ла Лига за Атлетико, само пет пати беше во почетниот состав. И покрај намалената минутажа, наводно го задржал добриот однос со тренерот Симеоне, а шанса од првата минута доби и во неодамнешното полуфинале на Суперкупот против Реал Мадрид.
Сепак, сѐ почести се шпекулациите за негово враќање во Премиер лигата, а Емери во него гледа идеално, енергично засилување за средината на теренот на Астон Вила.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













