Астон Вила ја продолжи одличната серија во Премиер лигата со победа од 2-1 над Манчестер јунајтед на „Вила Парк“ во 17. коло. Со десеттата последовна победа, тимот на Унаи Емери останува во трката со Сити и Арсенал, додека „ѓаволите“ повторно се во пад на формата.
Во 45. минута Џон Мекгин донесе водството за Астон Вила. Сепак, Матеус Куња веднаш одговори и го израмни резултатот пред крајот на полувремето.
Во второто полувреме Астон Вила повторно покажа поголема ефикасност. Морган Роџерс во 60. минута постигна победнички гол по асистенција на Оли Воткинс, додека Јунајтед, кој остана и без Бруно Фернандеш поради повреда, не успеа да одговори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













