Јохан Манзамби е пред голем трансфер кој до последен момент изгледаше малку веројатен. Иако се очекуваше швајцарскиот репрезентативец да го засили Њукасл, тој кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.
Според информациите на „Скај Спорт“, клубот од Бирмингем постигнал договор со Фрајбург за трансфер вреден речиси 70 милиони евра, сума која ги вклучува и можните бонуси.
Њукасл долго време беше фаворит за потписот на 24-годишниот играч за врска и имаше договор со Фрајбург за пакет од околу 60 милиони евра, но зделката не беше завршена бидејќи Манзамби не даде конечна согласност за преселба на „Сент Џејмс Парк“.
Астон Вила ја искористи ситуацијата и во последниот момент го презеде водството во трката. По интензивните преговори, Манзамби одлучил да се пресели во Бирмингем, а двата клуба веќе биле информирани за неговата одлука.
Во редовите на Вила, актуелниот освојувач на Лигата на Европа, швајцарскиот фудбалер ќе потпише долгорочен договор. Интересно е што во финалето од ова натпреварување Астон Вила го совлада токму Фрајбург.
Продажбата на Манзамби ќе биде најголемиот излезен трансфер во историјата на германскиот клуб. Тој ќе го надмине досегашниот рекорд кој го држеа Кевин Шаде и Мерлин Рел, кои беа продадени за по 25 милиони евра во Брентфорд, односно Евертон.
За Фрајбург овој трансфер е огромен финансиски успех, бидејќи целиот приход ќе биде чиста заработка. Германскиот клуб го доведе Манзамби пред две години од Сервет без платено обесштетување.
Манзамби ја зголеми својата вредност со одличните настапи на неодамна завршеното Светско првенство, каде што беше меѓу најистакнатите фудбалери на Швајцарија.
Во четири натпревари постигна три гола и запиша две асистенции. Посебно се истакна против Босна и Херцеговина со два погодоци, додека против Канада постигна гол и асистираше.
Поради повреда на коленото, мораше да ги пропушти осминафиналето и четвртфиналето, но неговите настапи беа доволни да привлече огромно внимание од европските гиганти.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













