Connect with us

Астон Вила израмни рекорд стар 111 години со триумфот на „Стемфорд бриџ“

Астон Вила на „Стемфорд бриџ“ го совлада Челси со 1-2 со пресврт во второто полувреме и на тој начин изедначи клупски рекорд стар 111 години.

Херој на тимот од Бирмингем беше Оли Воткинс, кој постигна два гола во 63. и 84. минута и донесе триумф за екипата на Унаи Емери во Лондон, откако „сините“ поведоа во финишот на првото полувреме преку Жоао Педро.

Со победата во Лондон, Астон Вила ја продолжи импресивната победничка серија, која сега изнесува дури 11 натпревари, изедначувајќи го клупскиот рекорд по број на последовни победи од далечната 1914 година.

Екипата на Унаи Емери ја започна својата историска серија на 6 ноември, кога го победи Маккаби од Тел Авив (2-0) на „Вила Парк“. Потоа следеа победи над Борнмут (4-0), Лидс (2-1), Јанг Бојс (2-1), Вулверхемптон (1-0), Брајтон (4-3), Арсенал (2-1), Базел (2-1), Вест Хем (3-2), Манчестер Јунајтед (2-1) и сега Челси (2-1).

По вечерешната победа, тимот од Бирмингем го зазема трето место на табелата со 39 освоени бода, три помалку од лидерот Арсенал, а од гостинскиот сектор на „Стемфорд Бриџ“ се слушаше скандирање: „Ќе ја освоиме титулата!“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови