Фудбалерот од средниот ред на Челси, Конор Галахер, е приоритетна трансферна цел на Астон Вила во текот на летниот преоден рок. Двата клуба веќе имале прелиминарни разговори, а Астон Вила е во контакт и со агентите на играчот.
За англискиот репрезентативец е заинтересиран и Тотенхем, како и неименуван клуб од странство. Челси ќе сака трансферна сума која надминува 50 милиони фунти.
И покрај тоа што има многу добра сезона и често ја носи капитенската лента, Галахер е ставен на продажба бидејќи Челси мора да направи голем број излезни трансфери за да ги исполни финансиските обврски околу фер-плејот. Најпогодни за оваа намена се токму играчите како Галахер кои се од школата, клубот не платил трансфер за нив и нивната продажба ќе донесе нето добивка.
Ситуацијата е слична на онаа на Мејсон Маунт, кој минатото лето беше продаден на Манчестер Јунајтед за 55 милиони фунти.
Галахер има уште само 12 месеци од договорот со Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













