Фудбалерите на Астон Вила следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, откако го совладаа Ливерпул со 4-2 во 37. коло од Премиер – лигата.
Слави Бирмингем, а се срами Мерсисајд. Едните сигурно ќе играат во Лигата на шампионите, бидејќи математички го обезбедија пласманот пред последното коло, додека Ливерпул ќе мора да се надева на победа против Брентфорд следната недела, иако доволни би им биле и порази на Борнмут и Брајтон.
Но, тоа нема да го избрише горчливиот вкус кај навивачите на „црвените“, бидејќи ова беше дури 19. пораз сезонава во сите натпреварувања. Уште една катастрофална и летаргична партија, недостојна за реномето на клубот.
Морган Роџерс во 42. минута постигна прекрасен гол, при што апсолутно никој не излезе да го блокира. Уште поголем проблем беше што остана целосно сам на својата позиција – токму онаа од која е најопасен.
Израмни Вирџил ван Дајк во 52. минута, но како тоа и да не се случи, бидејќи во 57. минута Доминик Собослаи се лизна и му подари гол на Оли Воткинс.
До крајот Воткинс постигна уште еден погодок, а вистинска мајсторија изведе Џон Мекгин во 89. минута, по уште една очајна реакција на одбраната на гостите.
Вирџил ван Дајк постигна уште еден гол во судиското продолжение, но тоа беше слаба утеха за „црвените“. Астон Вила во среда ја очекува финалето од Лига Европа против Фрајбург и некако порелаксирано ќе влезе во тој натпревар, во кој сепак важи за фаворит.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













