По тешкиот нокаут во Кратово и поразот од Силекс (0-6) на отворањето на сезоната, екипата на Башкими пред домашната публика бара рехабилитација и први бодови во шампионатот. Во Куманово гостува разиграниот Тиквеш, кој на отворањето од сезоната триумфираше над Арсими со 5-1.
И покрај силниот ривал во таборот на домаќините владее оптимизам. Рахман Асани е свесен за тежината на предизвикот, но јасно порачува дека целта е само една, триумф во првиот настап пред домашната публика.
„Пред нашите навивачи нè очекува исклучително важен дуел против Тиквеш. Се соочуваме со квалитетен и добро организиран состав, но Башкими на домашен терен секогаш диктира темпо и игра со посебна енергија“, истакна Асани.
Управата на кумановци беше исклучително активна на пазарот, комплетирајќи дури десет нови засилувања во преодниот рок. Се очекува новата крв во тимот драстично да го подигне квалитетот и да донесе посакуван импулс. Асани верува дека спојот од новите засилувања и поддршката од трибините ќе ја донесе првата радост во новата сезона.
„Ни треба поддршка од првата до последната минута. Потребен ни е секој еден навивач. Заедно одиме по првата победа за трите бода да останат во Куманово“, порача Асани.
Традицијата од меѓусебните пресметки му дава мала предност на Башкими. Во досегашните осум меѓусебни дуели, кумановци славеле четири пати, кавадарчани се радувале на два триумфи, додека два меча завршиле без победник.
Натпреварот во Куманово меѓу Башкими и Тиквеш почнува во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













