Раководството на Реал Мадрид почнува да забележува знаци дека тренерот Карло Анчелоти ја губи контролата над тимот, тврди шпанскиот весник „АС“.
Поразот од 1-2 против Валенсија изминатиот викенд беше петти за „кралевите“ оваа сезона во Ла Лига, што уште повеќе ја засилува неизвесноста околу иднината на италијанскиот стручњак на „Сантијаго Бернабеу“. Неколку дена претходно, Реал Мадрид прими дури четири гола од Реал Сосиедад на домашен терен и едвај избегна елиминација од Купот на Кралот, а претходно и Леганес постигна два гола против нив.
И покрај тоа што Анчелоти пред една и пол година потпиша нов договор до летото 2026 година, најновите резултати и формата на тимот предизвикуваат сомнежи кај управата за неговата способност да го води тимот до крајот на сезоната.
Реал Мадрид сега го очекува двомеч против Арсенал во Лигата на шампионите.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













