Тренерот на Интер, Антонио Конте, доби охрабрувачка вест околу чилеанскиот интернационалец Артуро Видал кој принудно го напушти натпреварот против Фиоретнина изминатиот викенд. Тој не е сериозно повреден и во текот на оваа седмица ќе се врати на тренинзите на „нероаѕурите“.
Видал е суспендиран за реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија против Јувентус, но би можел да се врати на тренинг веќе в среда и да биде во комбинација за важната пресметка против Лацио следниот викенд. Тоа секако е многу значаен меч во трката за „скудетото“.
Интер во моментот се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А со 47 бода, два помалку од лидерот Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













