Поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири е именуван за нов тренер на швајцарскиот клуб Шафхаузен. Клубот го објави неговиот ангажман на официјалниот сајт. Шаќири е наследник на Мурат Јакин, кој стана нов селектор на Швајцарија.
Шаќири продолжува да гради интернационална тренерска кариера откако претходно имаше вакво искуство и во Албанија. Своевремено беше тренер и на Шкендија.
Шафхаузен во моментот, по пети одиграни кола, се наоѓа на седмата позиција на табелата во Втората лига на Швајцарија, со шест освоени бода.
Шаќири веднаш ќе ја преземе работата со тимот, но за дебито би можел да почека додека не ја добие потребната работна дозвола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski