Македонскиот вицепрвак Шкендија го именуваше Артим Положани за нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот капитен на клубот, Артим Положани се враќа во тетовскиот клуб, овојпат во тренерска улога.
Положани е добро познато име за навивачите на Шкендија, со оглед на тоа што во повеќе периоди го носеше дресот на клубот и ја имаше капитенската лента. По завршувањето на играчката кариера, тој остана активен во фудбалот преку различни стручни и раководни функции, стекнувајќи искуство како помошен тренер, прв тренер и спортски директор.
Неговиот стручен штаб ќе го сочинуваат: Беким Османи – помошен тренер, Куштрим Вока – помошен тренер и видео-аналитичар, Саладин Мустафи – тренер на голмани, Сејмир Фетаи – кондициски тренер.
Клубот, како што напоменуваат од Шкендија, влегува во новиот циклус со јасни амбиции – успех на домашната сцена и што е можно подобар настап во европските натпреварувања.
Тимот на Шкендија предводен од Артим Положани вечерва заминува за Словенија, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













