Арсенал е лидер во Премиер – лигата, но многупати досега кога бил на врвот околу Божиќ и Нова година знаел да направи кикс во вториот дел од сезоната. Токму за тоа разговараше и Микел Артета на прес-конференцијата пред дуелот со Борнмут.
Тој смета дека оваа сезона е време „традицијата“ на киксови да се прекине. Арсенал засега делува моќно, но нема голема предност на врвот во Премиер – лигата.
„Не го знаев тој податок и таа ‘традиција’. Време е да ја прекинеме. Задоволни сме од позицијата на која се наоѓаме, но знаеме дека секогаш може да биде подобро. До крајот на сезоната има уште пет месеци, па пред нас е многу работа. Кај играчите гледам огромна желба и енергија, уживаме секој ден, но сега целиот фокус е на Борнмут“, изјави Артета.
На половина од сезоната, Арсенал е водечки со 45 бода, Манчестер Сити заостанува четири бода, а Астон Вила е на „минус шест“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













