Микел Артета, менаџерот на Арсенал, тешко го поднесе ударот по елиминацијата од Лигата на шампионите. Сонот на „топчиите“ за европска слава беше уништен од Пари Сен Жермен, кој им зададе два пораза – минимален пораз во Лондон (0-1), а синоќа и уште еден во Париз (2-1).
Со тешко срце и видлива разочараност, Шпанецот ја сподели својата болка пред новинарите. Артета изјави нешто што многумина ќе го сметаат за контроверзно – дека Арсенал бил најдобриот тим во Лигата на шампионите оваа сезона, и токму затоа поразот толку силно го погодува.
„Им честитам на ПСЖ за пласманот во финалето. Ќе анализираме кога ќе се смират страстите. Но ако погледнете внимателно, на двата натпревари нивниот најдобар играч беше голманот. Тоа вели многу. Ние создадовме повеќе, имавме повеќе шанси. На реваншот, по само 20 минути, требаше да водиме со 0-3. Бевме поблиску до успехот отколку што резултатот тоа го кажува“, изјави Артета.
Тој не криеше дека болката е длабока, бидејќи, како што вели, Арсенал ја имал играта, идејата и срцето – но фудбалот понекогаш е суров.
„Нема сомнеж во мојата глава – ниту еден тим не беше подобар од нас оваа сезона во ЛШ. Но сепак, нас нема да нè гледате во финалето. Тоа е реалноста. Горчлива, но вистинита. И покрај сè, горд сум на моите играчи. Тие заслужуваат аплауз и почит“, заврши Артета.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













