Арсенал покажа карактер и шампионски менталитет во големото лондонско дерби против Челси, а Микел Артета по натпреварот имаше само пофални зборови за своите фудбалери.
„Топчиите“ се најдоа во негатива по раниот погодок на Морган Роџерс, но не дозволија лошиот почеток да им го наруши ритамот. Каи Хаверц го врати натпреварот во егал, а Мартин Одегард со вториот гол му донесе целосен пресврт на Арсенал и победа од 2-1.
Артета беше особено задоволен од начинот на кој неговиот тим реагираше по примениот гол.
„Ова беше извонредно издание. Уживав во секоја минута, од првата до последната. Почетокот беше тежок, но реакцијата на тимот беше спектакуларна. Самодовербата, решителноста и квалитетот што ги покажавме беа прекрасни. Ова беше натпревар кој целосно те вовлекува“, изјави Артета.
Шпанецот смета дека вакви победи можат да бидат важен показател за она што Арсенал е способен да го направи во продолжението на сезоната. Според него, тимот има потенцијал да го надмине нивото од минатата сезона.
„Ова покажува дека можеме да играме на уште повисоко ниво од минатата сезона. Но, мораме да продолжиме со истата желба и скромност, секојдневно да работиме и да се обидуваме да станеме подобра верзија од себе. Сè уште имаме простор за напредок и многу нешта што можеме да ги дадеме. Тоа е нашата амбиција“, додаде тренерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













