Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази огромно возбудување пред вечерашниот дуел со Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. Шпанецот изјави дека пласманот во оваа фаза е историски момент за клубот, но нагласи дека тимот има амбиции да постигне уште повеќе.
„Се чувствува неверојатна енергија. Ова е еден од најголемите натпревари што сме ги играле на ‘Емирати’. Сезоната беше исполнета со предизвици, но покажавме дека можеме да се справиме. Се гордеам со тимот, но сакаме повеќе – сакаме финале“, изјави Артета.
Тој ги повика навивачите да дадат сè од себе за да го поддржат тимот и истакна дека само со заеднички сили Арсенал може да продолжи понатаму.
Артета потсети на победата со 2-0 над ПСЖ во групната фаза, која им дала самодоверба на играчите, но предупреди дека противникот има многу индивидуален квалитет и ќе биде сериозен предизвик.
Во однос на составот, Артета потврди дека Бен Вајт и Микел Мерино се приклучиле на последните тренинзи, но Томас Парти е повреден од мечот со Реал Мадрид, додека Калафиори нема да биде во комбинација.
На прашањето дали Арсенал е фаворит, тој скромно одговори: „Според историјата – не. Никогаш немаме освоено Лига на шампиони. Но тука сме за да го направиме невозможното – можно.“
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













