Connect with us

Артета: Март е, а ние сме лидери во Премиер – лигата

Микел Артета изрази задоволство од способноста на своите фудбалери да доминираат во клучните моменти при победата од 2-1 во лондонското дерби против Челси во 28. коло од Премиер – лигата. Со овој триумф Арсенал повторно воспостави предност од пет бодови во однос на Манчестер Сити, кој сепак има натпревар помалку.

„Знаевме дека ќе биде тежок меч. Тие се тим на високо ниво, одлично подготвен од својот тренер. Мислам дека направивме неколку извонредни работи во текот на целиот натпревар. Голoт што го примивме на крајот од првото полувреме беше разочарувачки, но го имавме целото второ полувреме пред нас. Требаше многу подобро да ја контролираме топката. Ја сфативме важноста на индивидуалните дуели при прекини, бидејќи Челси е врвен тим кој добро напаѓа и се брани при статични ситуации“, изјави Артета.

Менаџерот се осврна и на настапот на Давид Раја и на состојбата во тимот.

„Последната интервенција на Давид беше неверојатна. Не требаше да се доведеме во таква позиција. Многу сме задоволни, бидејќи знаеме дека одигравме два тешки натпревари во последната недела. Задоволен сум од односот на играчите и нивната подготвеност да одат до крај и да доминираат. Март е, играме во сите натпреварувања и сме меѓу лидерите“, заклучи Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови