Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, истакна дека неговиот тим има што да покаже на вечерашниот дуел против актуелниот шампион Ливерпул. „Топчиите“ ќе ги пречекаат „црвените“ на „Емирати“ и покрај предноста од 14 бодови, се мотивирани да побараат реванш за поразот на „Енфилд“ порано оваа сезона.
„Возбуден сум. Ова е голем натпревар против последниот шампион на Премиер – лигата. Имаме што да докажеме. Нашите навивачи создаваат неверојатна атмосфера и тоа прави разлика. Со нивната поддршка сме сосема друг тим. Енергијата, посветеноста, самодовербата и желбата што тие ни ја пренесуваат ни се потребни вечерва. Играме дома против одличен противник и сакаме да ја зачуваме позицијата на врвот. За да го направиме тоа, ќе мора да бидеме одлични цел натпревар. Тоа мора да го докажеме на теренот“, рече Артета.
„Сите зборуваме дека разликите се мали. Ливерпул има одличен менаџер и можат да играат на различни начини, а ние мора да бидеме подготвени за тоа. Секој натпревар е важен, но најважен е вечерашниот. Знаеме што треба да направиме за да победиме и сега треба да го покажеме тоа на теренот“, додаде тој.
Артета потврди дека Москера и Калафиори сè уште се надвор од составот, но наскоро се очекува да се вратат по завршување на последниот дел од рехабилитацијата. Тренерот исто така ја следи состојбата на Каи Хаверц, кој поради две различни повреди долго време беше надвор од игра.
„Тој повторно тренира и се надеваме дека ќе биде достапен во најдобрата форма“, додаде шпанскиот стратег.
Артета се осврна и на отказот на Рубен Аморим.
„Секогаш е тажно да гледаш колега да го губи работното место. Потребна е поддршка од стручниот штаб и играчите, но на крајот мораш да освојуваш бодови на многу натпревари ако сакаш да останеш на позицијата. Таква е реалноста и природата на оваа работа.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













