Connect with us

Артета: И понатаму верувам дека Арсенал ќе биде шампион

Микел Артета не го криеше разочарувањето по поразот на Арсенал од 1-2 против Манчестер Сити, резултат кој дополнително ја заостри трката за титулата во Премиер лигата. Разликата меѓу двата тима сега е сведена на само три бода, а Сити има и натпревар помалку, што ја прави завршницата од сезоната уште понеизвесна.

И покрај тоа, шпанскиот стратег останува цврсто уверен дека неговиот тим може да оди до крај и да го освои трофејот.

„Верував и денес, верував и претходно, затоа што секој ден гледам што работат овие играчи и знам колку можат. Ако некој имал дилеми, мислам дека сега се уште појасни. Во соблекувалната веќе зборувавме за тоа. Ситуацијата се смени – тие имаат натпревар помалку, ние три бода предност и уште пет кола. Борбата продолжува, нема откажување“, изјави Артета.

Тој нагласи дека планот бил јасен уште пред почетокот на дуелот.

„Дојдовме со намера да победиме. Подготовката беше насочена кон тоа да го контролираме натпреварот во зоните каде што мислевме дека сме подобри. Делумно успеавме, иако раниот гол нè стави во потешка позиција и психолошки моравме да се прилагодиме. Сепак, одговоривме добро. Но на крај, разликата беше во казнените простори и тоа го реши мечот“, објасни тој.

На крајот, Артета повторно ја истакна вербата во својот тим:

„Ако некој мисли дека се двоумам за играчите со кои би сакал да ја освојам лигата во ваква завршница, тогаш не ме познава. Јас им верувам целосно – и во тешки моменти, и сега кога сме во трка за титула“, порача менаџерот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови