Арсими продолжува активно да го гради тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а денес клубот официјално промовираше две нови засилувања.
Новите членови на тимот се голманот Ристе Јанков и дефанзивецот Мухарем Мислими, кои треба да внесат дополнителна конкуренција во составот.
Мислими има 26 години и игра на позицијата лев бек. Во Арсими пристигнува од Башкими, каде што настапуваше минатата сезона. Своите први фудбалски чекори ги направи во Шкендија, каде што беше дел од младинскиот тим и настапуваше и во УЕФА Лигата на младинци.
Во продолжение на кариерата играше за Дрита, Велешта, Тетекс и Беса, а последните две сезони ги помина во Башкими, со кој настапуваше во највисокиот ранг на македонскиот фудбал.
Во Чегране пристигнува и Ристе Јанков, кој доаѓа по ангажманот во Македонија ЃП. 27-годишниот голман зад себе има богато прволигашко искуство и настапувал за голем број македонски и странски клубови.
Јанков во кариерата го бранеше голот на Шкендија, Тиквеш, Брегалница, како и на романска Политехника Јаши и казахстански Каспиј. Сепак, најдолг период помина во Работнички, каде што беше и на позајмица во Локомотива Скопје.
Новиот голман на Арсими има и репрезентативно искуство, со настапи за младинските селекции на Македонија, а во еден период беше дел и од сениорската репрезентација.
Со ангажманот на Јанков и Мислими, Арсими продолжува да го комплетира составот и да се подготвува за новата сезона во ПМФЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













