Арсими вечерва официјално го претстави своето ново засилување, откако постигна договор со младиот играч за врска Матео Софијаноски.
Станува збор за еден од најбараните македонски фудбалери во актуелниот преоден рок, кој во Арсими пристигнува од редовите на Македонија Ѓорче Петров. Минатата сезона одигра 31 натпревар, постигна два гола и забележа четири асистенции.
Пред настапите за Македонија ЃП, Софијаноски беше дел од Брегалница, Воска Спорт и Тетекс, додека своите први фудбалски чекори ги направи во младинските школи на Вардар и Њу Старс.
Младиот фудбалер е стандарден член и на младата репрезентација на Македонија до 21 година, а во Арсими ќе се очекува да биде едно од клучните засилувања за новата сезона.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













