Микел Артета се соочува со нов предизвик во Арсенал откако клубот ќе мора да се справува без Нони Мадуеке во наредниот период.
Англискиот репрезентативец блескаше додека Букајо Сака беше повреден и го носеше тимот како стартер во големото дерби против Манчестер Сити. Меѓутоа, уште на полувремето Мадуеке мораше да биде заменет. Веднаш се појавија шпекулации за сериозна повреда, дури и на вкрстените лигаменти, но денеска пристигна и потврдата за неговата состојба.
За среќа, најцрното сценарио е избегнато, но крилниот офанзивец сепак ќе паузира најмалку два месеци.
Со враќањето на Сака, Арсенал добива делумно олеснување, но отсуството на Мадуеке доаѓа во момент кога клубот се соочува со густ распоред, што ќе биде сериозен предизвик за Артета и тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













