Арсенал планира да ја засили одбраната во јануарскиот преоден рок, а меѓу главните желби на Микел Артета се наоѓа јужнокорејскиот репрезентативец Ким Мин-Jae од Баерн Минхен.
Според информациите на англиските медиуми, лондонскиот клуб веќе разгледува неколку опции за дефанзивната линија, а стоперот на германскиот гигант е високо на листата со потенцијални засилувања.
Дека интересот на Арсенал е сериозен потврди и германскиот новинар Кристијан Фалк, кој најави дека „топчиите“ би можеле да тргнат по потписот на Ким уште во јануари.
„Оваа информација ми е потврдена. Дел од причините е и повредата на Пјеро Хинкапи. Шефот на скаутинг-службата, Маурицио Микели, е истиот човек кој го откри Јужнокореецот додека работеше во Наполи. Сега е во Арсенал, па затоа го следи дефанзивецот. Клубот бара потенцијално засилување во одбраната за зимата, а Ким би можел да биде продаден доколку пристигне соодветна понуда. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, изјави Фалк.
Арсенал, сепак, не е единствениот англиски клуб заинтересиран за 29-годишниот дефанзивец. Според медиумските информации, во трката за неговиот потпис би можеле да се вклучат и Тотенхем и Астон Вила.
Баерн Минхен, од своја страна, би бил подготвен да се раздели со јужнокорејскиот репрезентативец доколку добие соодветна финансиска понуда. Како сума за евентуален трансфер се споменуваат околу 40 милиони евра.
Останува да се види дали Арсенал ќе испрати конкретна понуда во јануари и дали Ким Мин-Јае ќе ја продолжи кариерата во Премиер-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













