Арсенал ја пренасочи потрагата по нов крилен напаѓач кон Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара заминување од Јувентус.
Турскиот репрезентативец станал приоритет за менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, откако пропаднала можноста за ангажман на Винисиус Жуниор. Бразилецот неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид, па Арсенал морал да се насочи кон други опции.
На Арсенал му оди во прилог информацијата дека самиот Јилдиз сака кариерата да ја продолжи во Лондон.
По серијата одлични настапи во Серија А, 21-годишниот фудбалер се наметна како еден од најталентираните млади играчи во Европа, а сега наводно е подготвен јасно да му стави до знаење на раководството на Јувентус дека сака трансфер.
Според Индy Каила, Јилдиз има намера да побара преселба во северен Лондон. Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде едноставен, бидејќи Јувентус поставил цена од дури 138 милиони евра.
Таквата сума би претставувала сериозен тест за финансиските можности на Арсенал.
Јилдиз и претходно се поврзуваше со Арсенал. Новинарот Саша Таволие го опиша како „апсолутен приоритет“ на Микел Артета.
Според информациите на „Атлетик“, Арсенал веќе официјално се распрашувал за неговата достапност, но Јувентус тогаш јасно ставил до знаење дека фудбалерот не е на продажба.
Ситуацијата сега би можела да се промени доколку Јилдиз навистина инсистира на заминување.
Интересот на Арсенал за Турчинот дополнително се засили откако нивната прва желба, Винисиус Жуниор, потпиша нов долгорочен договор со Реал Мадрид.
Статистиката покажува зошто Арсенал толку многу го посакува младиот фудбалер.
Според анализите на „WhoScored“, неговите најголеми квалитети се дриблингот, реализацијата и способноста за клучни додавања.
Во сезоната 2025/26, Јилдиз имаше одличен учинок и постигна 11 голови и забележа девет асистенции во сите натпреварувања.
Токму поради неговата продуктивност, во Арсенал наводно сметаат дека би можел да биде подобро решение од Габриел Мартинели, чија форма во последниот период е променлива.
Сепак, останува да се види дали Јилдиз ќе остане главната трансфер-цел на Арсенал до крајот на летниот преоден рок.
Доколку Јувентус остане цврст на барањето од 138 милиони евра, управата на лондонскиот клуб би можела да се насочи кон други опции.
Една од нив е крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола. Според „Индипендент“, Арсенал и понатаму е заинтересиран за францускиот репрезентативец.
Сепак, за неговиот потпис се интересира и Ливерпул, што би можело дополнително да ги искомплицира преговорите.
Во секој случај, Арсенал е во потрага по големо засилување на крилните позиции, а Јилдиз во моментов се издвојува како една од најатрактивните опции на листата на Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













