Арсенал направи сериозен чекор кон реализација на еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, испраќајќи официјална понуда вредна 90 милиони евра за играчот од средниот ред на Њукасл, бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш.
Актуелниот англиски шампион сака дополнително да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а според информациите од Островот, во Лондон владее голем оптимизам дека трансферот може да биде договорен во следните денови.
Наводно, 28-годишниот Бразилец веќе постигнал договор за личните услови со Арсенал и е подготвен да стави потпис на долгорочен договор до 2031 година. Желбата на самиот фудбалер да се пресели на „Емирати“ е дополнителен мотив за „топчиите“ да го завршат трансферот.
Во Арсенал веруваат дека Гимараеш би бил клучно засилување во амбициите за освојување нови трофеи. Неговото искуство, борбеност и квалитет во двата правци би донеле дополнителна стабилност во еден од најважните делови од тимот.
Бразилскиот играч во Њукасл пристигна во јануари 2022 година од Олимпик Лион, а за кратко време се наметна како еден од лидерите на тимот и еден од милениците на навивачите.
Сепак, последниот и најтежок чекор останува договорот со Њукасл. Клубот од „Сент Џејмс Парк“ нема намера лесно да се откаже од својот капитен и еден од највредните фудбалери во составот, па преговорите се очекува да бидат исклучително тешки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













