Connect with us

Арсенал со големо засилување во трката за титулата: Жоргињо доаѓа на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал во последниот ден од преодниот рок обезбеди големо засилување во трката за шампионската титула. Италијанскиот репрезентативец Жоргињо од Челси се сели на „Емирати“ и ќе потпише договор до 2024 година.


Тој влезе во последните шест месеци од договорот со Челси, а Арсенал ќе плати 12 милиони евра отштета.


Но, тоа не е сѐ од Арсенал. Микел Артета сака силен среден ред, па во комбинација се и Јури Тилеманс од Лестер, како и Моисес Каиседо од Брајтон, за кој веќе има доставено понуда дод 70 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови