Connect with us

Арсенал сега е главен фаворит за потписот на Хулијан Алварез

Англискиот шампион Арсенал се наметна како главен фаворит за ангажман на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез, пренесува „Индипендент“.

Како што е познато, напаѓачот неодамна јавно изрази желба да го напушти Атлетико Мадрид, а интересот за неговите услуги е голем.

Според угледниот британски медиум, самиот Алварез е отворен за преселба на „Емирати“. Неговата прва желба е да остане во шпанската Ла Лига, но Атлетико Мадрид не сака да го продаде на директен ривал, како што се Реал Мадрид или Барселона.

Токму тоа му оди во прилог на Арсенал, кој сака да ја искористи ситуацијата и да ја добие трката за потписот на еден од најдобрите аргентински напаѓачи.

Раководството на „топчиите“ е подготвено да ги исполни барањата на Атлетико Мадрид, кој бара најмалку 130 милиони фунти за продажба на аргентинскиот офанзивец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови