Connect with us

Арсенал се вклучи во трката за Кристијан Ромеро

Арсенал неочекувано покажал интерес за капитанот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, пренесува „Атлетик“.

Аргентинскиот дефанзивец речиси сигурно ќе го напушти Тотенхем ова лето, а главен фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид. Интерес за Ромеро покажува и италијанскиот шампион Интер.

Сепак, сосема неочекувано, во трката се вклучил и големиот ривал на Тотенхем од Северен Лондон. Од „Емирати“ веќе контактирале со агентот на аргентинскиот репрезентативец за да ги дознаат неговите услови и барања.

Сепак, без оглед на интересот, малку е веројатно дека Тотенхем би сакал да го продаде својот капитен на директниот градски ривал.

Интер веќе постигнал договор со Тотенхем за трансфер вреден 34 милиони фунти, но не успеал да го убеди самиот Ромеро, кој сака да работи под водство на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб, пак, засега нема испратено официјална понуда, бидејќи прво мора да реализира неколку излезни трансфери.

Арсенал бара нов централен дефанзивец поради повредата на Вилијам Салиба, кој ќе биде надвор од терените неколку месеци по повредата заработена за време на Светското првенство 2026.

Пред неколку дена се појавија информации дека „топчиите“ подготвуваат понуда до Астон Вила за англискиот репрезентативец Езри Конса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови