Актуелниот англиски шампион е во потрага по крилен напаѓач, а се чини дека „топчиите“ го пронашле во Премиер – лигата.
Сенегалскиот репрезентативец Илиман Ендиаје најверојатно ќе го напушти Евертон до крајот на преодниот рок.
Ендиаје веќе со денови се поврзува со бројни клубови, а во трката за неговиот потпис се вклучи и Арсенал, кој дефинитивно остана без можноста да го доведе Винисиус.
Британските медиуми денес пишуваат дека „топчиите“ го ставиле сенегалскиот крилен напаѓач на врвот на листата на желби за овој преоден рок.
Наводно, актуелниот англиски шампион веќе испратил официјална понуда до Евертон, па сега се очекува одговор од популарните „карамели“.
Ендиаје одбил да го продолжи договорот со Евертон, со што јасно им порачал на челниците на клубот дека е време за нов предизвик и заминување.
Инаку, неговиот договор со Евертон важи до летото 2029 година, што значи дека англискиот клуб ја има контролата врз неговата иднина.
Сепак, според информациите, во Евертон нема да се противат на негова продажба доколку пристигне понуда од околу 90 милиони евра, колку што очекуваат да заработат од трансферот.
Во изминатата сезона Ендиаје во Премиер – лигата постигна шест голови и забележа три асистенции на 32 натпревари, успешно покривајќи повеќе позиции во нападот и средниот ред.
Покрај Евертон, во досегашната кариера настапуваше и за Шефилд Јунајтед и Марсеј, а на неодамна завршеното Светско првенство за репрезентацијата на Сенегал одигра три натпревари, постигна еден гол и запиша две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













