Арсенал оваа сезона има јасна цел – борба за трофејот во Премиер – лигата, но и сериозен настап во Лигата на шампионите. За да остане конкурентен на двата фронта, клубот ќе мора да реагира на трансфер-пазарот во јануари.
Големиот број повреди дополнително ги компликува плановите на Микел Артета, кој отворено признава дека засилувањата се неопходни.
„Имавме повеќе повреди отколку што очекувавме и дел од нив едноставно не можеа да се избегнат. Ако сакаме напредок, мора да имаме поширок и подготвен ростер. Знаеме колку е важна достапноста на играчите низ целата сезона. Трансфер периодот е отворен и како Арсенал сме должни да разгледаме што може да се направи. Активно ќе бараме решенија, а потоа ќе видиме дали тие ќе бидат остварливи“, истакна Артета.
„Топчиите“ веќе се соочија со кадровски проблеми, па Деклан Рајс беше принуден да настапи како десен бек на дуелот со Брајтон – нешто што јасно ги покажува ограничувањата во составот.
Најмногу проблеми има во средниот ред, поради што лондонскиот клуб воспоставил контакт со фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка.
Преговорите се во почетна фаза, а сè уште е неизвесно дали евентуалниот трансфер ќе се реализира уште во јануари или ќе се одложи за летниот преоден рок, кога Горецка би бил достапен без обештетување.
Јануарска зделка би била возможна само доколку Арсенал испрати исклучително сериозна финансиска понуда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













