Connect with us

Арсенал покажа сила на третолигашот Виган во ФА купот (ВИДЕО)

Арсенал се пласира во осминафиналето на ФА купот совладувајќи го Виган на „Емирати“ со 4-0.

Лидерот на Премиер – лига и клуб со рекордни 14 титули во ФА купот, пред три дена киксна во домашното првенство, одигра 1-1 со Брентфорд и му дозволи на Манчестер сити да му се приближи на четири бода заостанување.

Сепак, вечерва „топчиите“ ја испразнија фрустрацијата на третолигашот Виган.

Во 11. минута, Еберечи Езе направи спектакуларен потег на центарот, а потоа испрати фантастично додавање во празен простор за Нони Мадуеке, кој заврши рутински за 1-0.

Предноста беше удвоена во 18. минута. Езе испрати додавање до Габриел Мартинели на левата страна, а Бразилецот го избегна чуварот, влезе во казнениот простор и ја заврши акцијата во свој стил за 2-0.

Во 23. минута, Мадуеке и Букајо Сака комбинираа по левата страна, Сака центрираше во петерецот, каде што несреќно реагираше Хант и постигна автогол.

Одбраната на Виган повторно беше надмудрена во 27. минута. Норгард го проигра Габриел Жезус, кој излезе сам пред голманот Тикл и со прекрасен удар од 12 метри го постигна четвртиот гол за 4-0.

Тимот на Артета се пласира понатаму и останува во игра за освојување на сите можни трофеи оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови