Connect with us

Арсенал подготвува нови договори за незаменливото трио

Англискиот шампион Арсенал не застанува, со оглед дека спортскиот директор Андреа Берта ги започна преговорите за обновување на договорите на клучните играчи.

​Англиските медиуми пренесоа дека Арсенал сака да им понуди нови договори на Јуриен Тимбер, Деклан Рајс и Мартин Одегард.

​Тие се меѓу незаменливите играчи во тимот на Микел Артета и имаат договори до летото 2028 година, па Андреа Берта сака да ја осигура нивната иднина на „Емирати”.

​Рајс е најскапо платеното засилување на Арсенал — пристигна од Вест хем во летото 2023 година за 116.000.000 евра и го исплати секој цент. Истото важи и за Тимбер и Одегард, кои се клучни играчи во системот на Микел Артета.

​Арсенал минатата сезона со нив ја освои титулата на која чекаше 22 години, а и оваа сезона ќе биде во трка за сите можни трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови