Connect with us

Арсенал паралелно работи и на трансферот на Конса, но во трката е и Ливерпул

Арсенал не се откажува од намерата да го доведе Езри Конса во своите редови и подготвува нова, значително подобра понуда до Астон Вила, пренесуваат британските медиуми.

„Топчиите“ веќе испратија една понуда за време на Светското првенство вредна околу 35 милиони евра, но таа експресно беше одбиена од раководството на тимот од Бирмингем, коешто бара најмалку 60 милиони евра за одличниот дефанзивец.

​Спортскиот директор на Арсенал, Андре Берта, мора итно да реагира и да пронајде квалитетно решение за централната дефанзивна позиција по тешката повреда на Вилијам Салиба. Францускиот репрезентативец заработи повреда за време на Мундијалот 2026 и го очекува повеќемесечна пауза од терените.

​Сепак, Арсенал нема лесно да стигне до потписот на англискиот репрезентативец. Според „Гардијан“, во трката за Конса се вклучува и Ливерпул. Позицијата на десен бек и централен дефанзивец е нешто што му е премногу потребно на тимот од „Енфилд“, а Конса со своите карактеристики совршено се вклопува во профилот што го бараат „црвените“.

​Англискиот дефанзивец има активен договор со Астон Вила на уште две години, а клубот веќе прави напори да го убеди да стави потпис на нов, долгорочен договор уште ова лето за да ги одбие нападите од премиерлигашките ривали.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови