Шампионската трка во Премиер – лигата е целосно отворена откако Манчестер Сити во директен судир го совлада лидерот Арсенал со 2-1. Со овој триумф, тимот на Пеп Гвардиола дојде на само три бода заостанување зад „топчиите“, со важна предност – еден одигран натпревар помалку.
Натпреварот започна фуриозно за домаќините. По неколкуте закани преку Доку и Черки, токму Рајан Шерки во 16. минута донесе водство по една велемајсторска соло-акција. Сепак, славјето траеше кратко.
Само две минути подоцна, кардинална грешка на Донарума му овозможи на Каи Хаверц да ги врати нештата во егал.
Одлучувачкиот момент се случи во 65. минута кога Ерлинг Халанд уште еднаш ја покажа својата моќ. По асистенција на О’Рајли, Норвежанецот го доби дуелот со Габриел и прецизно погоди за 2-1. Иако Арсенал во финишот се обиде да се спаси преку Хаверц и нововлезените Ѓоќереш и Тросар, среќата (и стативите) беа на страната на Сити.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













