Connect with us

Арсенал остварил контакт со Бенитез како можен наследник на Артета

Англискиот премиерлигаш Арсенал би го вратил Рафаел Бенитез во Премиер – лигата доколку му даде отказ на Микел Артета поради слабите резултати на тимот од стартот на сезоната. Раководството на „топчиите“ остварило првични разговори со шпанскиот стратег кој е на кормилото на кинескиот клуб Далијан. Тој претходно ги водеше и Њукасл, Челси и Ливерпул во елитната англиска дивизија. 

Микел Артета имаше лош старт на првенството и доби ултиматум во три натпревари да покаже дека може да го крене тимот и психолошки, но пред се и резултатски. Првиот меч во Лига купот го загуби убедливо од Манчестер Сити (1-4), а потоа славеше триумф над Челси (3-1) во меч од Премиер – лигата. Утре Арсенал му гостува на Брајтон. 

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови