Connect with us

Арсенал му понуди нов договор на Гранит Џака

Поранешниот капитен на Арсенал, Гранит Џака, би можел да остане во тимот и во новата сезона. Клубот му понудил нов договор на фудбалер за врска до 2025 година.


Швајцарскиот репрезентативец беше силно поврзан со трансфер во Рома, клуб со кој постигна договор за неговите лични услови. Сепак, „волчицата“ се уште нема склучено договор со „топџиите“ за овој трансфер.

Арсенал бара најмалку 15 милиони евра отштета, а Рома сака да плати 12, плус 3 милиони евра да бидат низ бонуси. Сепак, „топчиите“ не се сложуваат на ваква опција и побрзо би го задржале Гранит Џака на „Емирати“ и во наредните четири години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови