Англискиот премиерлигаш Арсенал е подготвен да понуди 30 милиони евра за 20-годишниот Турчин Арда Гулер, кој е незадоволен од минутажата во „кралскиот клуб“, објавија британските медиуми.
Талентираниот турски репрезентативец може да игра во средниот ред или на десното крило, но поради силната конкуренција, најчесто влегува во игра од клупата за резерви.
Во шпанското првенство во просек добива 35 минути по натпревар, а во Лигата на шампионите 20 минути. Тренерот Карло Анчелоти најмногу го користел во Купот на кралот, каде што петпати бил во стартниот тим и постигнал два гола и три асистенции.
Арда Гулер ја мина младинската школана Фенербахче, а во јули 2023 година како 18-годишник прејде од Фенер во Реал Мадрид, кој за него плати 20 милиони евра отштета.
Договорот со „кралскиот клуб“ трае до јуни 2029 година. Гулер за турската репрезентација одигра 19 натпревари и постигна четири гола и три асистенции.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













