Арсенал повторно ќе се обиде да го ангажира играчот за врска на ПСЖ, Канг-ин Ли, во летниот преоден рок, јавуваат британските медиуми. Јужнокорејскиот репрезентативец, кој минатото лето пристигна во Париз од Мајорка за 22 милиони евра, би можел да го напушти клубот за сума од околу 20 милиони евра, и покрај тоа што има договор до јуни 2028 година.
Канг-ин Ли е незадоволен од минутажата што ја добива во Лига на шампиони, иако во француското првенство има солиден учинок со шест гола и шест асистенции оваа сезона.
Арсенал е во потрага по нов играч за врска, бидејќи се очекува заминување на Жоржињо и Томас Парти, на кои им истекуваат договорите во јуни.
Покрај интересот за Ли, Арсенал наводно веќе го договори првото засилување за летото. Станува збор за шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди, кој доаѓа од Реал Сосиедад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













