Арсенал во второто полувреме одигра шампионски и со убедливи 4-1 ја совлада Астон Вила во дербито од 19. коло во Премиер – лигата. Иако првиот дел мина без погодоци, „топчиите“ по паузата целосно ја презедоа контролата и го решија победникот.
Отпорот на гостите беше скршен во 48. минута, кога Габриел највисоко скокна по корнер и го отвори резултатот – уште еден доказ за силата на Арсенал од прекин, со веќе 11 гола по удари од аголот оваа сезона. Само четири минути подоцна следеше нов шок за Вила, откако Зубименди прецизно реализираше за 2-0.
Домашниот тим продолжи да доминира, а триумфот беше потврден со погодоците на Тросар во 69. минута и Габриел Жезус во 86. минута. Астон Вила успеа само да го ублажи поразот со почесниот гол на Воткинс во судиското продолжение, со што беше прекината нивната импресивна серија од 11 победи во сите натпреварувања.
Со оваа победа, Арсенал ќе ја дочека 2026 година на врвот на табелата со 45 бодови, пет повеќе од Манчестер Сити кој има и натпревар помалку. Астон Вила останува трета со 39 бодови.
На „Олд Трафорд“, пак, Манчестер јунајтед приреди ново разочарување. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да го совладаат последнопласираниот Вулверхемптон и одиграа само 1-1, иако влегоа во дуелот како апсолутни фаворити.
Јунајтед поведе во 27. минута преку Џошуа Зиркзе, но гостите возвратија непосредно пред паузата, кога Крејчи погоди за израмнување. Во второто полувреме немаше голови, ниту решение за кризата на домаќините.
По ремито, Манчестер јунајтед е шести со 30 бодови, додека Вулверхемптон останува цврсто закован на дното од табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













