Connect with us

Aрсенал и Манчестер Јунајтед во трка за Пио Еспозито

Младиот напаѓач на Интер, Франческо Пио Еспозито, се наоѓа на радарот на Арсенал и Манчестер Јунајтед. Според англиските медиуми, претставници на двата премиерлигаши биле присутни на дербито меѓу Интер и Милан во Перт, каде внимателно ги следеле настапите на 21-годишниот италијански репрезентативец.

Интересот на Арсенал не е од понов датум. Лондонскиот клуб подолго време го следи развојот на Еспозито, а менаџерот Микел Артета сака да ја засили конкуренцијата во нападот. Со оглед на можните летни заминувања на Габриел Жезус и Габриел Мартинели, Артета бара класичен централен напаѓач со физичка доминација, профил кој целосно одговара на младиот фудбалер на Интер.

И Манчестер Јунајтед сериозно ја анализира ситуацијата околу Еспозито. Според истиот извор, клубот веќе има подготвено детални извештаи за неговите квалитети, но засега не планира да испрати официјална понуда.

Од Интер, пак, испраќаат јасна порака дека Еспозито е дел од долгорочните планови на клубот и наскоро се очекува да потпише нов договор. Сепак, неофицијално се наведува дека „нераѕурите“ би размислиле за продажба доколку пристигне понуда од околу 85 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови