Ѕвездата на Астон Вила, Морган Роџерс, сериозно ја разгледува можноста кариерата да ја продолжи во редовите на Арсенал или Баерн Минхен доколку дојде до разделба со клубот од Бирмингем во текот на летниот преоден рок. Според информациите, претставници на англискиот репрезентативец веќе оствариле првични контакти и разговори со раководствата на двата европски гиганти.
Интересот од останатите клубови во овој момент не надминува повеќе од прелиминарни распрашувања, што ги става Арсенал и Баерн во пол-позиција за неговиот потпис.
Раководството на Астон Вила нема намера лесно да се откаже од услугите на еден од своите клучни фудбалери и ја процени пазарната вредност на Роџерс на високи 100 милиони фунти.
И покрај евидентната разлика меѓу бараната сума од Бирмингем и реалните финансиски можности на заинтересираните страни, лондонски Арсенал важи за најконкретен во намерите и продолжува активно да ги испитува сите опции за реализација на овој потенцијален трансфер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













