Арсенал започнал преговори со Пари Сен Жермен за ангажман на францускиот репрезентативец Бредли Баркола, тврди „Фичајес“. Овој 23-годишен фудбалер сезонава се мачи да добие поголема минутажа во Париз, бидејќи тренерот Луис Енрике му дава предност на напаѓачкото трио составено од Осман Дембеле, Дезире Дуе и Квича Кварацкелија.
Токму незадоволството од малата минутажа ги поттикна гласините дека Баркола веќе оваа година би можел да го напушти клубот.
„Топџиите“ од Лондон наводно се подготвени да застанат први во редот за неговиот потпис, а менаџерот Микел Артета во него гледа решение за офанзивната линија на својот тим.
Баркола, кого го опишуваат како „суперѕвезда“, важи за еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, а неговата ситуација во Париз го привлече вниманието на бројни европски гиганти. Иако ПСЖ му понудил нов договор, се верува дека играчот е подготвен за нов предизвик за да добие поголема минутажа и да го оствари својот целосен потенцијал.
Тоа го натера Арсенал да стапи во контакт со францускиот клуб и да ја испита можноста за трансфер кој би можел да го урне клупскиот рекорд. Парижаните наводно и самите планираат да го освежат нападот во текот на летото, а иако официјалниот став на клубот е дека Баркола не е на продажба, се верува дека богата понуда, заедно со јасно изразената желба на играчот за заминување, би можела да го промени нивното мислење.
Арсенал моментално на крилните позиции ги има Леандро Тросар, Букајо Сака, Нони Мадуеке, Габриел Мартинели и Еберечи Езе. Сепак, иднината на Мартинели во клубот е под знак прашалник, Мадуеке и Сака ја преферираат десната страна, додека Езе е најпродуктивен во средината на теренот.
Иако Артета располага со еден од најсилните тимови во светот, позицијата на левото крило и натаму е област во која сака дополнителен квалитет. Доводењето на Баркола би донело опасност по левата страна и би создало совршена рамнотежа со одличниот Сака на десното крило. Таков офанзивен потенцијал би го направил клубот од северен Лондон сериозен кандидат во сите натпреварувања, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Рекордното засилување на Арсенал засега е Деклан Рајс, за кого Вест Хем доби 116 милиони евра, а се верува дека Баркола би можел да ја надмине таа сума.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













