Connect with us

Арсенал го промовираше Жоргињо (ФОТО)

Италијанскиот интернационалец Жоргињо е нов играч на Арсенал. Играчот од средниот ред се пресели кај „топчиите“ од Челси, потпишувајќи договор до 2024 година. Според медиумите на Островот, сумата за трансфер е 12 милиони фунти.

Жоргињо беше доведен од лидерот во Премиер – лигата поради повредата на Мохамед Елнени. Бразилецот со италијански пасош имаше договор со Челси до лето и клубот од „Стемфорд бриџ“ ја искористи последната шанса да го продаде.


„Среќни сме што потпишавме со Жоржињо и му посакуваме добредојде во нашето семејство и во клубот. Тој е фудбалер за врска со интелигенција, силни лидерски вештини и големо премиерлигашко и репрезентативно искуство. Жоржињо има многу освоено во својата кариера, но уште има глад и желба да придонесе“, изјави Микел Артета, менаџерот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови