Арсенал може да направи неочекуван потег во летниот преоден рок со потенцијалното доведување на Кристофер Нкунку од Челси трансфер што би можел да предизвика интерес и изненадување меѓу навивачите на двата клуба. Според информациите од Островот, „топчиите“ внимателно ја следат ситуацијата на Французинот, кој би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ поради серија повреди и недоволно конзистентна форма.
Челси го доведе Нкунку од Лајпциг за околу 52 милиони фунти во 2023 година, но неговото влијание во Премиер – лигата беше минимално поради здравствени проблеми. Сезонава има само девет стартни настапи во лигата, иако претходно во Бундес-лигата се истакна со импресивни 58 гола во две сезони.
Микел Артета верува дека Нкунку може да донесе потребна длабочина и разновидност во нападот на Арсенал. Французинот може да игра на неколку позиции – како офанзивен играч зад напаѓачот, на крило или дури и како „лажна деветка“ – нешто што се вклопува во флексибилниот и брз напаѓачки стил што го негува Артета.
Со оглед дека Челси би можел да го пушти за пониска сума од првично платената, прашање е дали Арсенал ќе ја искористи шансата и дали навистина би ризикувал со играч кој досега не ја оправда инвестицијата во Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













