Англискиот премиерлигаш Арсенал би сакал да го доведе на „Емирати“ шпанскиот интернационалец Ерик Гарсија кој е член на Манчестер Сити. За него е заинтересирана Барселона која планира да го врати дефанзивецот на „Камп Ноу“, но во трката се вклучува и Арсенал, со оглед дека Микел Артета кубури со одбранбени фудбалери.
Гарсија не добива шанса од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а Артета одлично ги познава неговите квалитети од периодот додека беше прв асистент во стручниот штаб на „граѓаните“. Шпанецот настапи само на осум натпревари од стартот на сезоната во сите натпреварувања. Тој сака многу поголема минутажа, а би можел да ја добие во редовите на Арсенал.
Барселона сака да го доведе Ерик Гарсија како долгорочно решение и наследник на Жерар Пике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













