Арсенал официјално го финализираше трансферот на бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш од Њукасл за сума од 75 милиони фунти.
Станува збор за најскапиот трансфер на „топчиите“ во досегашниот дел од летниот преоден рок. 28-годишниот играч за врска потпиша четиригодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Гимараеш во Њукасл пристигна во 2022 година од Лион за 40 милиони фунти. За „црно-белите“ одигра 195 натпревари, постигна 31 гол и го освои трофејот во Карабао купот.
По официјализацијата на трансферот, Бразилецот не го криеше задоволството.
„Се чувствувам неверојатно. Пресреќен сум поради оваа можност. Уште од првиот разговор со Андреа Берта и Микел Артета бев возбуден. Едноставно почувствував дека ми треба нов предизвик во животот и мислам дека играњето за Арсенал ќе биде навистина возбудлив предизвик.
Многу сум возбуден што ви се приклучувам. Ќе го дадам најдоброто од себе, ви ветувам. Јас сум вашиот воин и никогаш нема да се предадам. Се надевам дека заедно ќе создадеме многу убави спомени“, порача Гимараеш.
Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, истакна дека клубот добива фудбалер со одличен менталитет и лидерски способности.
„Среќни сме што го пречекуваме Бруно Гимараеш во нашиот клуб. Тој е играч со одличен менталитет и големи квалитети, кој ќе донесе силно лидерство во нашиот состав.
Со неговото доаѓање дополнително го засилуваме срцето на нашиот тим. Како што сите видовме, Бруно може да игра како дефанзивен играч за врска, но и како box-to-box фудбалер.
Тој комбинира квалитет со огромен интензитет и секоја сезона придонесува со голови и асистенции. Бруно ќе му овозможи на Микел дополнително да го развива нашиот стил на игра, а истовремено ќе ја зголеми и конкуренцијата во тимот.
Тоа е од суштинско значење за одржување на стандардите кои ни се потребни доколку сакаме да освојуваме големи трофеи“, изјави Берта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













