Арсенал официјално го објави назначувањето на Андреа Берта за нов спортски директор на клубот. Поранешниот шеф на Атлетико Мадрид доаѓа на местото на Еду Гаспар, кој изненадувачки реши да напушти во ноември минатата година. 53-годишниот Италијанец на самиот почеток ќе има доста работа, бидејќи се очекува сериозна активност од „топчиите“ на трансферниот пазар ова лето.
„Возбуден сум што ќе се приклучам на Арсенал во едно исклучително возбудливо време за клубот. Следев со голем интерес како се развива Арсенал во последните години и се восхитував на напорната работа која беше вложена за обнова на клубот како главна сила во европскиот фудбал со страствени следбеници низ целиот свет. Клубот има одлични вредности и богата историја, и се радувам да ја изиграм својата улога во обликувањето на успешно идно со одличен тим. Не можам да чекам да започнам во новата улога и навистина се радувам да го искусам мојот прв натпревар на стадионот „Емирати“ заедно со нашите навивачи”, изјави Берта за сајтот на Арсенал.
Берта има огромна репутација, а тој е заслужен за привлекувањето на играчи како Антоан Гризман, Јан Облак и Родри, кои подоцна станаа големи ѕвезди.
Италијанецот работеше во Атлетико повеќе од 12 години. Тој го напушти клубот во јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













