Арне Слот зборуваше по победата на неговиот Ливерпул со 2-0 против тимот на Кристал Палас во натпреварот од десеттото коло на англиската Премиер – лига.
„Разликата меѓу екипите е мала на секој натпревар. Противникот ја погоди пречката уште во петтата минута – не примивме гол по прекин, што е добро, но имавме и малку среќа, нешто што ни недостасуваше во последно време. Вториот наш гол дојде по одбиена топка“, започна Слот.
Победата ја прекина негативната серија од пет последовни порази во Премиер – лигата за англискиот шампион.
„Кога ја погодија пречката, тоа беше нивниот најопасен момент. Во последните неколку недели секојпат кога противниците шутираа, топката завршуваше во нашата мрежа, но денес тоа не се случи. Вториот наш гол беше среќа — нешто што го немавме во последните неколку натпревари“, додаде Слот.
„Црвените“ покажаа и напредок во дефанзивата, бидејќи ова беше само нивен трет натпревар сезонава во кој не примија погодок. Последниот меч со „чиста мрежа“ го одиграа на 14 септември, при победата со 1-0 над Барнли.
„Кога водиш со 1-0 или 2-0, тоа е добро затоа што можеш повеќе да ја контролираш играта и да го држиш поседот на топката. Но, кога губиш, мораш да ризикуваш и да се соочиш со контранапади од противникот“, истакна Слот.
Сега „црвените“ од градот на Битлси ги очекува потешкиот дел, бидејќи во вторник, на 4 ноември, ги очекува домашен дуел со Реал Мадрид во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Мислам дека сите ја почувствуваа важноста на натпреварот — и играчите и навивачите. Покажавме карактер и го добивме мечот“, заклучи менаџерот на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













