Connect with us

Арне Слот ќе биде нов селектор на Холандија?

По заминувањето од Ливерпул, Арне Слот веќе добива понуди за нов ангажман, но холандскиот стратег очигледно нема намера да прифати било каква работа.

Според англиските медиуми, Фулам стапил во контакт со Слот и му понудил да го наследи Марко Силва, кој во меѓувреме ја презеде Бенфика. Сепак, Холанѓанецот љубезно ја одбил можноста да седне на клупата на лондонскиот клуб.

Причината за ваквата одлука наводно е неговата желба да ја преземе репрезентацијата на Холандија. Актуелниот селектор Роналд Куман има договор до крајот на Светското првенство, а засега нема најава дека соработката ќе биде продолжена. Токму затоа Слот се смета за еден од најсериозните кандидати за оваа позиција.

Во својата кариера, Слот работеше во Камбур и АЗ Алкмар, но најголемите успеси ги оствари на клупата на Феенорд, каде што се етаблираше како еден од најценетите холандски тренери.

Се чини дека стратегот проценил дека е подобро да ја почека разврската по Мундијалот, особено ако се земе предвид традицијата Холандската фудбалска федерација најчесто да им ја доверува селекторската функција на домашни стручњаци.

Во меѓувреме, Фулам ќе има тешка задача да најде соодветна замена за Марко Силва, кој остави значаен белег на „Крејвен Котиџ“ и беше еден од најзаслужните за успесите на клубот во последните сезони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови