Поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, сака да остане во европскиот фудбал и покрај сериозниот интерес од саудискиот Ал-Ахли, пренесува „ЕСПН“.
Според информациите, 47-годишниот холандски стратег бил прв избор на клубот од Џеда за наследник на Матијас Јајсле, но засега не размислува за преселба во Саудиска Арабија.
Наместо тоа, Слот има намера кариерата да ја продолжи во некое од најсилните европски првенства. По разделбата со Ливерпул, интерес за неговите услуги покажале клубови од Англија, Германија и Италија.
Холандскиот стручњак зад себе има успешен престој на „Енфилд“, каде што го предводеше Ливерпул до 20-тата шампионска титула во Премиер лигата во сезоната 2024/25.
Во изминатиот период неговото име се поврзуваше и со селекторската функција во Фудбалска федерација на Холандија, по оставката на Роналд Куман, кој си замина по раната елиминација на Холандија од Светското првенство 2026.
Сепак, според последните информации, приоритет на Арне Слот останува враќање на клупската сцена во некоја од најсилните европски лиги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













